logo
logo
logo

Претседателот на МАНУ излезе на протестот, излегоа и Иванов, Боцевски, Треневски, Дабиќ!

Vecer | 02.07.2022

Претседателот на МАНУ излезе на протестот, излегоа и Иванов, Боцевски, Треневски, Дабиќ!

Поранешниот претсетел Ѓорге Иванов, претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев, амбасадорот Ивица Боцевски, амбасадорот Мартин Треневски не неговата сопруга, амбасадорката Василка Попска Треневска се меѓу илјадниците кои излегоа да се простивстават на францускиот предлог. Граѓаните на Македонија масовно излегоа на протестот пред Владата и порачаа „не“ за бугаризацијата. Во тек е сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ пред зградата на Владата. Главниот град на Македонија е исполнет како никогаш до сега. Како никогаш досега излезе народ мотивиран од патриотски порив. Реки од народ се слеваат во главниот град, се веат македонски знамиња, се пеат патриотски песни. Македонскиот народ масовно е излезен и со македонски знамиња и пароли искажувајќи го својот револт против францускиот предлог и јасно порача: „НЕ за бугаризација“.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk