logo
logo
logo

„Претседателката на ДОМ ПРЕГОВАРАШЕ ТАЈНО СО СДСМ“

Vecer | 19.05.2021

„Претседателката на ДОМ ПРЕГОВАРАШЕ ТАЈНО СО СДСМ“

По парламентарните избори нашата претседателка одеше сам да преговара и имаше дела од одборот кој преговараше тајно. Идејата беше да ме тргнат од раководно место во министерството и таму да внесат друг човек. Во моментот имавме заменик министер од ДОМ, но не сум сигурна дека ја пренесува зелената идеологија на правилен начин, изјави за утрински брифинг, Ана Петровска од ДОМ.

Таа потенцира дека зелената партија се докажува на терен не од говорница, потребно е обединување и посилен ДОМ пред локалните избори и според неа  се разнишани односите има незадоволство од работата на терен.

– Претседателката и блиски нејзини луѓе одеа по Општинските организации да бараат моја смена. Аргументите беа дека без нас партијата ќе има поголема кохезија. Токму заради тоа рековме, ајде да седнеме, да разговораме да се обединиме и посилни да излеземе на локалните избори, додава Петровска. Јас се уште сум член на партија, без оглед што комуникацијата е нарушена. Мирослав Богдановски рече дека останува во коалицијата на парламентарно ниво и ќе ја претставува идејата на ДОМ, изјави Петровска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk