logo
logo
logo

Пренџов

Претпладне не задолжија 46 милиони евра, ПОПЛАДНЕ УШТЕ 100 МИЛИНИ ЕВРА

Vecer | 11.05.2021

Претпладне не задолжија 46 милиони евра, ПОПЛАДНЕ УШТЕ 100 МИЛИНИ ЕВРА

Претпладне се задолживме 46 милиони евра за земјоделие, попладне се задолжуваме со нови 100 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија. Дали некој во оваа Влада има план како ќе се враќа овој долг? Кое стопанство ќе го враќа овој долг којшто го правите и се прашувам кој ви даде мандат да катадневно, по два пати на една седница, се задолжува оваа држава, вели пратеникот од ГРОМ Љупчо Пренџов, на собраниска седница.

Тој изјави дека како резултат на континуираното задолжување, кое трае последните четири-пет месеци, долгот достигна над една милијарда евра и тоа само од Собранието.

- Дополнителни милиони евра согласно закон се задолжува Владата на Република Македонија. Прво имавме 700 милиони евра еврообврзница, потоа имавме 25 милиони евра за енергетска ефикаснот, па 21 милиони за реформи во основно образование, па 70 милиони за автобусите на Шилегов, па нови 37 милиони евра, на пладне 46 милиони евра за земјоделие, па на пладне 100 милиони евра за поддршка на мали и средни претпријатија, рече Пренџов.

Во однос на помошта за кризата тој истакна дека според официјалните извештаи на владата, според кои само 329 милиони се искористени за поддршка на стопанството.

- Доколку ги видиме последните извештаи, бидејќи ова го зборувате дека е ковид мерка, само 329 милиони оваа влада го има помогнато стопанството. Тоа е документ којшто сами си го објавија на официјалната страна на Владата на Република Македонија каде што стои дека директна помош од буџетот за цела 2020 година плус јануари и февруари од 2021 година е само 329 милиони евра. Тие за помош ги сметаат оние кредити кои беа репрорамирани на населението во државата. Репрограмираните кредити се сметаат за помош, ама не кажуваат дека 34 милиони евра камати на тие кредити, народот си ги плати, нагласи Пренџов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk