Претежно сончево време со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, попладне во планинските подрачја на места облачноста ќе се зголеми. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8, информира УХМР. Температурата ќе се движи од 10 до 19 степени во утринските часови, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 35 степени.

Утре и во почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари