Претепаното 14-месечно бебе почна да го губи видот

Монструозно претепаното 14-месечно девојче, кое беше донесено на КАРИЛ со теши скршеници на главата и нозете по една недела престој на скопските клини почна да го губи видов, објави Телма.

Повредите на главата ги оштетиле очните нерви, а дали бебето дефинитвно не гледа ќе се знае утре откако ќе му се направи магнетно снимање на главата на детска хирургија, наведуваат лекарите.

Мајката на детето по 24 часовен распит во полиција беше пуштена на слобода. Како што тврдела, бебето панало од кревет, но лекарите, полицијата, Mинистерството за труд и обвинителството потврдија дека не е така. Сепак, одговор кој го претепа детето сѐ уште нема.

Поврзани

Најнови вести

Коментари