logo
logo
logo

ПРЕТЕПАН вработен на бензинска, ПРИВЕДЕНИ четворица тепачи од Стајковци

Vecer | 24.06.2021

ПРЕТЕПАН вработен на бензинска, ПРИВЕДЕНИ четворица тепачи од Стајковци

Полицијата вчера лиши од слобода четири лица од скопското село Стајковци, кои на 20-ти овој месец физички нападнале вработен на бензиска станица во скопската населба Ченто, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– На 23 јуни 2021, полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода А. Б. (42), Г. Б. (41), В. Б. (30) и Ј. Б. (26), сите од село Стајковци, Скопско, кои на 20 јуни 2021 физички нападнале вработен на бензинска станица во скопската населба Ченто, се вели во соопштението од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk