logo
logo
logo

ПРЕСТРЕЛКА ВО ДЕБАР: Ранет маж

Vecer | 18.06.2021

ПРЕСТРЕЛКА ВО ДЕБАР: Ранет маж

Полициски службеници од Полициска станица Ростуше на место викано „Ростушко анче“ вчера ги лишиле од слобода А.А.(28) од с.Долна Бањица, Гостиварско и А.Т.(30) од с.Лакавица, Гостиварско, кои се превезувале со патничко возило „ауди“, со гостиварски регистарски ознаки, поради постоење на основи на сомнение дека околу 22: 10 часот на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Дебар, кај џамијата „Саат кула“, со огнено оружје го повредиле А.И.(30) од Дебар.

А.И. бил пренесен во Општа болница Дебар за укажување на лекарска помош, полициски службеници извршиле увид, а при преглед во возилото „ауди“ бил пронајден пиштол „Сиг Сауер“ П226С кал.9 мм.

По наредба на Јавен обвинител лицата се приведени во ОВР Дебар за понатамошна постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk