logo
logo
logo

ОД ВОЈНИК И КОМАНДАНТ ДО ЗЕЛЕНИ - Пренџов за сите ребрендирања на ДУИ

Vecer | 05.06.2021

ОД ВОЈНИК И КОМАНДАНТ ДО ЗЕЛЕНИ - Пренџов за сите ребрендирања на ДУИ

Љупчо Пренџов, пратеникот од ГРОМ и Коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ,  го коментираше денешното ребрендирање на ДУИ во зелена партија и накратко ги опиша сите нивни агенди низ годините од војник и командант па се до денешните зелени.

- Во 2001 година се идентификуваа со термините “војник и командант”. Во периодот 2002-2006 беа социјал-демократи. Во периодот 2006-2008 беа промотори на моделот на консензуална демократија. Периодот 2008-2015 беа албанската десница во Македонија. Периодот 2015-2017 беа центар-десничарска партија. Периодот 2017-2021 повторно се вратија на “социјалдемократските корени”. Денес, 2021 се ребрендираа во “зелени”, вели Пренџов.

Тој доддава дека во меѓу време, електоратот треба да заборави на народниот правобранител “псе-јо” и да се концентрира на успесите во 13 годишното раководење со Министерството за животна средина од страна на политичката партија ДУИ.

- Како и да е, честитки до новите “зелени” во парламентот.  ЕУ можеби не ни завидува на животната средина и квалитетот на воздухот, ама, сигурно ќе ни позавиди на политичкиот ПР и бројот на пратеници со зелена агенда, пишува Пренџов на Фејсбук

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk