logo
logo
logo

Пренџов: Ова е спор на две држави, А НЕ НА ЗАЕВ СО БУГАРИЈА

Vecer | 09.06.2021

Пренџов: Ова е спор на две држави, А НЕ НА ЗАЕВ СО БУГАРИЈА

Ова не се масовни протести туку се предупредувачки протести кои се прават помеѓу 15 и 17 часот каде што се блокира центарот на главниот град затоа што порака е предупредувачка дека нашата историја, култура, традиција се црвените линии за било кои преговори, со кој било кој сосед, тука пред се мислам на Бугарија, вели пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов, за „Филибастер“ на Радио Лидер.

Пренџов потенцира дека ниту тој како пратеник, а ниту пак граѓаните имаат информации за што преговара владата на Зоран Заев со Бугарија.

- Ова е спор помеѓу две држави и тој спор се решава на културен, цивилизиран начин каде ќе преовладуваат аргументите. Истовремено и секоја држава треба да има и соодветно изградена позиција во рамките на домашните општества, значи нас во Македонија ни треба она кое го има Бугарија, тоа е еден општетсвено политички консензус за позициите на државата при преговорите со Бугарија, рече Пренџов.

Пренџов истакна дека тој како пратеник и пред се граѓанин нема да дозволи  да нашата историја, традиција, култура и јазик бидат ставени на несоодветно место и бидат негирани.

Исто така никогаш нема да се согласам дека сме дрво без корен, дека некој не создал преку ноќ и сите оние тези кои што ги имаат бугарските политичари.  Премиерот, министерот за надворешни работи и министерот за евроинтеграции треба да разговараат за сите аспекти, понуди и шасни кои Република Македонија ги има со Бугарија. Она кое сакам да го истакнам во врска со преговорите е тоа дека треба да се направи да дојде премиерот, да дојде министерот за надворешни работи, министерот за евроинтеграции во Собранието и да ги разговараме сите аспекти, сите понуди и шански кои ги имаме со Бугарија, рече Пренџов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk