logo
logo
logo

Пренџов: Наркобосови, дилери и атентатори влегувале слободно по институциите и се сликале за пасош

Vecer | 08.04.2021

Пренџов: Наркобосови, дилери и атентатори влегувале слободно по институциите и се сликале за пасош

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Само вистина" гостуваше пратеникот од ГРОМ, дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој се осврна на моменталните случувања во врска со издавањето пасоши на мафијаши и убијци, како и на лошите владини политики во однос на моменталната економска и здравствена состојба во Република Македонија.

Пренџов потенцираше дека не се работи за два или три пасоши кои биле издадени на луѓе кои се во спрега со законот насекаде низ светот, туку дека се работи за над 200 пасоши, а тоа значи дека во земјата доаѓале и заминувале луѓе кои насекаде низ светот имале забрана за влез во државите, а во Македонија добивале пасош полесно дури и од самите граѓани на Република Македонија.

"Замислете, биле украдени 200 идентитети на граѓани на Република Македонија. Тоа значи дека 200 граѓани сигурно некаде ќе наидат на проблем, поради тоа што со нивниот идентитет хараат мафијаши и убијци како од Европа, така и од Јужна Америка. Во државата влегувале наркобосови, дилери, атентатори и луѓе од сличен калибар, кои без никаков проблем доаѓале и се сликале во институциите за да добијат македонски пасош. Тоа покажува за разнишаниот безбедносен систем кој оваа Влада го направи таков каков што е", вели Пренџов.

Секојдневно имаме афери поврзани со финансиски криминал, ненабавка на вакцини и матни тендери, но ова не е афера за занемарување, ниту пак случај за релативизирање. Поради вакви случаи паѓаат многу силни влади, камо ли оваа Влада во Република Македонија која и онака е на стаклени нозе. За сето ова ќе мора да се сноси одговорност и директните инволвирани во случајот, да бидат изведени пред лицето на правдата, заврши Пренџов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk