logo
logo
logo

Пренџов: Меѓународните институции ПОТВРДИЈА ДЕКА СУДСКИОТ СИСТЕМ Е НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ

Vecer | 19.05.2021

Пренџов: Меѓународните институции ПОТВРДИЈА ДЕКА СУДСКИОТ СИСТЕМ Е НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ

Судскиот систем во државата е на стаклени нозе, едноставно граѓаните се помалку и помалку имаат доверба во овој судски систем. Тоа не го говори само опозицијата, туку го говорат меѓународните институции, вели пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов за „Утрински брифинг“

„Меѓународните институции за жал во последниве неколку години го оценуваат судскиот систем се понегативно и понегативно. Така беше и на последниот Извештај“, потенцираше Пренџов.

Пренџов посочи дека и Вархеји уште минатата година донесе Извештај во кој што пишуваше нема пора во државата која што не е корумпирана.

„И кога вие имате толку многу корупција, а толку малку луѓе одговараат за таа корупција, тогаш оправдано е граѓаните што имаат негативни оценки за доверба во однос на правосудството и обвинителството“, рече Пренџов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk