logo
logo
logo

Пренџов: Излезе дека членството на СДСМ било прва целна група за вакцинација

Vecer | 27.04.2021

Пренџов: Излезе дека членството на СДСМ било прва целна група за вакцинација

Филипче и Заев не собраа храброст да му се извинат на народот што не обезбедија навреме вакцини. Ние да имавме вакцини како што тие ветуваа и не излажаа, ние веќе досега ќе бевме вакцинирани, изјави во „Што не е јасно“ на Алфа, пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов.

Тој истакна дека покрај тоа што владата не набави вакцини навреме за граѓаните да бидат имунизирани, колку не се грижат за народот покажува и тоа колку трошат за здравство, односно дека потрошиле само 16 милиони и тоа во време на пандемија.

- ММФ потврди дека заклучно со 17 март 2021 година власта има само 16 милиони евра вложено во здравството и справување со пандемијата. Тоа се сериозни проблеми, како што е сериозен проблем да плаќаш дано во сопствената држава, а да се вакцинираш во соседна, рече Пренџов.

Пренџов потсети дека власта уште од јануари најавува вакцини, кои се уште ги нема, а со тие кои ги има прво се вакцинираше членството на СДСМ.

- Тие велеа дека јануари веќе ќе имаме вакцини, а еве 1 мај доаѓа не сме започнале со масовна вакцинација во Охрид, Штип, Велес,  Битола и другите градови. Во оваа држава има категории на граѓани што мора да бидат вакцинирани како постарите, хронично болни, дијабетичари, но испадна дека целна група е членството на СДСМ, нагласи Пренџов.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk