logo
logo
logo

Пренџов: Изборот на Кацарска во Уставен е ДОКАЗ ДЕКА ИМАМЕ ДИРИГИРАН СИСТЕМ

Vecer | 26.05.2021

Пренџов: Изборот на Кацарска во Уставен е ДОКАЗ ДЕКА ИМАМЕ ДИРИГИРАН СИСТЕМ

Госпоѓата Добрила Кацарска пред само неколку месеци стана нов член во Уставниот Суд. Се прашувам кога успеа да собере искуство, пракса, познавања и запознавање со работата? Кога се здоби со довербата од колегите кои се со години уставни судии?, пишува на Фејсбук пратеникот од ГРОМ, Љупчо Пренџов.

Тој додава дека не треба да се чудиме потоа зошто ЕУ ни дава негативни оцени и негативни извештаи.

„Да не се чудиме зошто немаме странски инвестиции. Да не се чудиме зошто економијата ни тоне, а сиромаштијата “чука” на сѐ повеќе врати меѓу семејствата кои сѐ уште живееме овдека. Сето тоа е ланчан систем. Не случајно првите поглавја кои се отвораат со ЕУ се поглавјата за правна држава и правосуден систем, вели Пренџов.

Според него со вакви одлуки, таканаречениот правен систем во Р. Македонија во суштина е диригиран систем.

„П.С не честитајте во Уставен Суд, честитајте му на диригентот“, пишува Пренџов на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk