logo
logo
logo

Пренџов: Денес, правото и правдата во Македонија по којзнае кој пат беа погребани, уништени, погазени…

Vecer | 26.07.2021

Пренџов: Денес, правото и правдата во Македонија по којзнае кој пат беа погребани, уништени, погазени…

👉Денес, правото и правдата во Македонија по којзнае кој пат во изминативе 30 години, беа погребани, уништени, погазени…

👉Денес, БЕЗ НИТУ ЕДЕН ДОКАЗ се осудени луѓе за дело кое не го сториле.

👉Денес политичкиот прогон добива нови димензии.

👉После исказите на “нинџа” дека бил во ВМРО на кобниот 27 април се спроведе вештачење на неговиот телефон. Базните станици на движењето на Нинџа покажаа дека истиот на 27 април НЕ БИЛ ВО СЕДИШТЕТО НА ВМРО.

Ако не бил, а не бил, тоа ги руши сите негови приказни и по пат на автоматизам и приказните/обвиненијата на самото обвинителството.

👉Колкава суета треба да имаш за да бараш казна затвор на невини луѓе, само обвинителката и судијата треба да знаат.

👉После сведочењата на Талат Џафери и десетици пратеници од СДСМ, ВМРО, ДУИ дека Спире, Миле и Трајко немаат никаква врска со немилите настани.

Сведочеше и премиерот Заев дека истите се тотално невини.

Сведочеа и стотици и стотици активисти на ВМРО - ДПМНЕ дека луѓево нит ги организирале нит имале удел во протестите на “За заедничка Македонија”

Сведочам и јас, како чест посетител на тие протести дека никој за ништо не ме организирал.

👉Но, правдата во Македонија никако да стане “слепа” како во секоја нормална држава.

Во Македонија правдата има “ококорени очи”при лов на политички неистомисленици.

Можеби некој мисли дека денес извојувал победа во интерес на дневната политика, но сигурен сум дека и правдата и вистината ќе ја добијат “војната”

Правда ќе има!!!, напиша на својот Фејсбук-профил Љупчо Пренџов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk