logo
logo
logo

Пренџов: Бучковски нема мандат од македонскиот народ да преговара со Бугарија

Vecer | 10.06.2021

Пренџов: Бучковски нема мандат од македонскиот народ да преговара со Бугарија

Никој не знае што се случува и за што се преговара од страна на власта. Тој исто така порача дека никој не му дал овластување на Владо Бучковски да преговара во името на целиот македонски народ, вели пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ, на денешниот протест против прифаќање на бугарската Декларација.

Пренџов истакна дека ниту пратениците ниту јавноста знаат за што се преговара.

- Никој не гласал на избори и никој не го огласил господинот Владо Бучковски да преговара во името на целиот македонски народ односно кога мислам на македонски народ мислам на македонска нација бидејќи сите оние Албанци, Турци, Власи и Роми кои што живеат во Република Македонија ако било кој ги праша ќе знаат дека нивните сограѓани Македонци не се дрво без корен и не се паричка за поткусурување во балканските византиски игри, рече Пренџов.

Пратеникот Пренџот посочи дека со ваквите протести бараат народот да знае што се случува и бараат еден општествено-политички консензус во врска со преговорите со Бугарија или со било кој друг сосед.

-Во име на тоа денеска повторно протестираме, го дигаме гласот, алармираме, бараме демократија, бараме народот да знае што се случува, бараме Собранието да дискутира и бараме нешто што е нормално, а тоа е еден општествено-политички консензус во врска со преговорите со Бугарија или со било кој друг сосед, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk