logo
logo
logo

ПРЕД ОБЈЕКТИВОТ НА КАМЕРИТЕ: Премиерот Заев денеска ќе се вакцинира

Vecer | 06.05.2021

ПРЕД ОБЈЕКТИВОТ НА КАМЕРИТЕ: Премиерот Заев денеска ќе се вакцинира

Премиерот Зоран Заев прв од владините функционери ќе се вакцинира на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“.

Од Владината прес служба која информираше за вакцинирањето на премиерот не соопштија со која вакцина ќе се вакцинира. На располагање се вакцините Спутник , Синофарм и Фајзер.

Настанот ќе се реализира во 12 часот во присуство на новинари и фоторепортери.

Министерот за здравство најави дека министрите ќе бидат следни на распоред за вакцинирање, а тој најави дека ќе се вакцинира со кинеската вакцина Синофарм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk