Најдиректно чепкале пари од Буџетот на Република Македонија, преку скриени хонорари. Син, сестра, брат на пратеници, на директори па дури и претседателот на нивната младинска организација им е на паушал ставен. Што повеќе од ова да се говори, вели Алекандар Пандов за „Само вистина“ на Канал 5, за владините хонорарци.

Според него единствена обврска на овие луѓе кои се на листа на хонорари им е да пишуваат статуси и да ја плукаат опозицијата.

– Списокот за хонорарци во Влада не е цел список даден, неколку имиња фалат. Зошто? Можеби поради нивната звучност на имињата. Меѓутоа претседателот на СДММ да е ставен на паушал односно на хонорар и ние тројца да го плаќаме тука е срамота. зарем не е срамота син на Самка Ибраимоски да е дел од хонорарците во Влада? прашува Пандов

Тој додава дека народот нафта не пие, улогата на овие луѓе е јасна, а за тоа добиваат награда.

„Која е на Петрит Сарачини улогата? Па, да го плука ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. И мене вечерва ќе ме плукаат по социјалните мрежи. Тие се ботови, и тие земаат огромни суми на пари“, рече Пандов и укажа дека има и еден лик кој што добива награда 100.000 денари на МОЈДДВ и е на список да зема хонорар од Влада, нагласи Пандов