logo
logo
logo

Народен правобранител

Прекинот на издавање лични документи претставува повреда на правата на граѓаните

Vecer | 23.06.2021

Прекинот на издавање лични документи претставува повреда на правата на граѓаните

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и друго) од страна на Министерството за внатрешни работи и смета дека ваквиот потег сериозно ќе влијае на остварување на многу други права на граѓаните. Омбудсманот по сопствена иницијатива ќе ги испита евентуални пропусти во работењето на надлежните служби во МВР, кои би биле причина за прекините во издавањето на документите на граѓаните.

Со оглед на тоа што минатата година поради пандемијата и рестриктивните мерки голем број на граѓани не ги обновија личните документи, а дел пак, не можеа да ги продолжат поради затворените граници, народниот правобранител смета дека надлежното Министерство требало да предвиди ваква ситуација и следствено да го прилагоди работењето.

– Менувањето на системот или неговата надградба во период кога очекувано е да има зголемен прилив на барања за издавање на документи е несоодветно и претставува повреда на правата на граѓаните, поради што народниот правобранител по сопствена иницијатива ќе ги испита евентуални пропусти во работењето на надлежните служби во Министерството за внатрешни работи, кои би биле причина за прекините во издавањето на документите на граѓаните. Истовремено, народниот правобранител бара Министерството за внатрешни работи во делокруг на своето работење да испита зошто граѓаните се доведени во ваква ситуација и да утврди одговорност за евентуалниот пропуст на службите, се вели во соопштението од народниот правобранител.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk