logo
logo
logo

Прегазена жена на Партизанска, возачот побегнал

Vecer | 03.06.2021

Прегазена жена на Партизанска, возачот побегнал

Седумдесет и осумгодишна скопјанка Н.К. вчера била тешко повредена во сообарќајна несреќа што се случила на  бул.„Партизански одреди“ во Скопје, кога патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(26), удрило во жената – пешак и го напуштило местото, но подоцна било пронајдено.

Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера, во 10.15 часот,  а повредената била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk