Прегазен пешак кај Капитол, возачот уапсен откако побегнал

Пешак бил прегазен денеска напладне на булеварот „Јане Сандански“ во близина на Трговскиот центар Капитол во скопската населба Аеродром. Според полицијата, несреќата се случила во 14.40 часот, кога возач на „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во 66-годиниот пешак А.Н. од Скопје и побегнал.

Повредениот веднаш со возило на Брза Помош е префлен во Ургентен Центар, но лекарите не успеале да го го спасат. Кратко по незгодата полициските „алфи“ го пронашле возачот на пежото, дваесет и осумгодишниот скопјанец А.Р. кој е приведен во ПС Гази Баба, а пронајдено е и возилото.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари