logo
logo
logo

Предлогот на Франција и Бугарија, ОСТАНАТИТЕ ЧЛЕНКИ НЕ ГО ЗНАЕЛЕ - Чешка вознемирена (ВИДЕО)

Vecer | 09.07.2022

Предлогот на Франција и Бугарија, ОСТАНАТИТЕ ЧЛЕНКИ НЕ ГО ЗНАЕЛЕ - Чешка вознемирена (ВИДЕО)

Тоа што се презентира во Македонија за францускиот предлог е далеку од вистината. Предлогот на Франција кој наводно е европски, е непознат за останати земји членки на ЕУ.

Тоа го потврди чешката аналитичарка од Институт Еуропеум, Јана Јузова, на вчерашниот форум посветен на Западен Балкан а организиран од ЕПИ.

Повикувајќи се на извори од чешкото МНР, Јузова истакна дека и Чешка, како следен претседавач со Европската Унија не знаела ништо за содржината на документот, пред да биде официјално претставен.

„Чешка е многу вознемирена со Франција и Бугарија. Причината е што за предлогот не беа консултирани другите земји членки. Од она што го разбравме била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во „темнина“. Никој не ја следи состојбата во Македонија со спокојство. Загрижена сум каква ситуација ние како ЕУ креираме со овој приод. Чешкиот став кон ова би бил да направи што помала можна штета за да ги надмине негативните ефекти, и да осигура дека ова нема да стане преседан.“, вели Јана Јузова, истражувачка од чешкиот институт Еуропеум.

По се погласните најави дека Албанија може наскоро да тргне сама во преговорите, ако Македонија не го одобри предлогот, Јузова вели дека позицијата на официјална Прага е дека нема намера да прифати одвојување на Скопје и Тирана.

„Позицијата на Чешка е дека раздвојувањето (Македонија и Албанија) само ќе му даде легитимитет на бугарското вето. Не се согласуваме со аргументите на некои други земји кои сметаат дека неодвојувањето на двете земји и натамошната блокада на Албанија ќе доведе до го дестабилизација. Напротив, сметаме дека ќе го зголеми притисокот врз Бугарија и ќе ја зголеми солидарноста меѓу земјите во регионот.“Јана Јузова, истражувачка од чешкиот институт Еуропеум.

Во меѓувреме, „Дојче веле“ објавува детали од извештајот на бугарското МНР во кој е прецизиран ставот на министерството за францускиот предлог.

Како што наведува порталот, Бугарија за најголем успех го гледа инкорпорирањето на Договорот за добрососедство во претпристаниот процес и механизмот за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав. Негативните страни за Софија, пак, според медиумот, се формулацијата за „чист македонски јазик“ во преговарачката рамка и тоа што Договорот меѓу двете земји од 2017-та и Протоколот не биле формален критериум за отворање и затворање на поглавјата од преговорите, што според Софија, не соодветствувале со Рамковната позиција на Бугарија од 2019 година.

https://youtu.be/jf1j7QrP2O8

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk