logo
logo
logo

Предлог-законот за административни службеници прави дискриминација при одредување на платите, алармира КСЗД

Vecer | 29.11.2022

Предлог-законот за административни службеници прави дискриминација при одредување на платите, алармира КСЗД

Комисијата за заштита и спречување од дискриминација (КЗСД) оценува дека Предлог-законот за административни службеници предизвикува „структурна дискриминација од огромни размери“, бидејќи ги става во неповолна и нееднаква положба 25.000 административци во делот на одредувањето на платите. Според Комисијата, во предложениот законски текст спорен е членот 71, со кој се уредува пресметувањето на основната плата на административните службеници. Од КЗСД посочуваат дека доколку се усвои во таква форма, законот ќе создаде услови за нееднаков третман на поголем број административни службеници вработени во институции од јавниот сектор, кои ќе бидат ставени во понеповолна состојба во споредба со административните службеници кои работат на исто ниво во министерствата и секретаријатите.
– На овој начин 5.000 вработени во министерствата и секретаријатите ќе земаат во просек за околу 10.000 денари повисока плата од вработените административни службеници на исто ниво во јавниот сектор. Тоа е структурна дискриминација од огромни размери, соопшти претседателот на Комисијата, Исмаил Камбери.
Тој потенцира дека Комисијата морала да реагира, издавајќи стручно превентивно мислење доставено до Владата и Министерството за информатичко општество, со барање за повлекување на предлогот. Камбери оцени дека неоправдано се прави разлика помеѓу административните службеници врз основа на тоа во која институција се вработени. Комисијата смета дека на овој начин негативно се влијае врз мотивацијата, ефективноста и ефикасноста на работењето на дел од вработените во администрацијата, кои со овој предлог би земале помала плата.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk