Крива Паланка

Предизборно насилство-го мавал со тупаници преку прозорот на возилото


Полицијата во Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.С. (39) и Т.А. (45), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство, а против 17-годишен малолетник од Крива Паланка е поднесено известување до ОЈО Куманово за сторено кривично дело насилство

На 30 септември околу 15.30 часот во Крива Паланка на улицата Единство, В.С., кој бил во придружба со малолетникот, со Т.А. му пришол на О.С. (24) од Крива Паланка, кој се движел по улицата со возило „опел зафира", сопственост на М.М. од с. Градец, Крива Паланка (возилото било целосно брендирано со обележја на политичка партија и на кандидат за градоначалник на Крива Паланка).

Притоа му рекол на О.С. да го изгаси разгласот од возилото со кој најавувал митинг на политичката партија. По ова, 17- годишникот започнал да го удира О.С. со тупаници преку прозорецот, а кога ја отвориле вратата од возилото, Т.А. го фатил оштетениот за вратот и заедно со други лица започнал да ги удира него и неговото возило, со што му нанеле телесни повреди.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари