logo
logo
logo

Православните верници го слават Велигден – Христос Воскресна!

Vecer | 02.05.2021

Православните верници го слават Велигден – Христос Воскресна!


Со зборовите „Христос Воскресна, навистина Воскресна!“, православните верници вечерва го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква.

Претходно, од Ерусалим, преку Атина, Багодатниот Оган пристигна во Македонија. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски го донесе Светиот благодатен оган, кој го презеде на Меѓународниот аеродром во Атина.

Поради состојбата со коронавирусот, поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан повика празниците да се чествуваат со почитување на мерките.

„Живееме во време со постојани искушенија. А како и сиот свет, и ние се соочуваме со здравствени проблеми – со ширењето на заразната болест, кое продре во сите сегменти од живеењето. Затоа татковски повикувавме и повикуваме на трпеливо прифаќање и на спроведување на предвидените мерки, на претпазливо чување на своето и на здравјето на другите, како и навремено примање на соодветни лекарства и вакцини. Исто така, потребно е да се оддадеме и на постојана молитва: и за тие што боледуваат, и за тие што се трудат околу нив, како и за душите на оние коишто починаа од последиците на болеста“, потенцира архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk