logo
logo
logo

ПРАВДА ЗА ЈАНА: ВО 19 ЧАСОТ ПРОТЕСТИ во Скопје и Битола

Vecer | 29.03.2023

ПРАВДА ЗА ЈАНА: ВО 19 ЧАСОТ ПРОТЕСТИ во Скопје и Битола

Протести поради смртта на шестгодишната Јана ќе се одржат денеска во Скопе и Битола во 19 часот.

Во Битола, граѓаните ќе излезат во 19 часот на плоштадот Магнолија со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“, додека во Скопје протестот во истото време ќе биде пред Министерството за здравство.

Организаторите велат дека целта е да се укаже на состојбите во македонското здравство, а повикот за протест е објавен на „Фејсбук“.

На протестите ќе се бара: „Правда за Јана, итни оставки и реформи во здравствениот систем“.

Јана почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа ѝ се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала. Државниот здравствен и санитарен инспекторат соопшти дека немало пропусти во лекувањето и кај девојчето се јавиле проблеми со срцето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk