logo
logo
logo

Пратеник од Алијанса не сакал да чека ред на граница: Никаде не сум чекал, нема ни тука да чекам

Vecer | 28.02.2021

Пратеник од Алијанса не сакал да чека ред на граница: Никаде не сум чекал, нема ни тука да чекам

Пратеникот од редовите на Алијансата за Албанците Абдула Салиу вчера попладне вракајќи се од Косово не сакал да чека ред на граничниот премин „Долно Блаце“ па почнал да им вика на полицајците, пренесува Фокус

На граница дошол со својот автомобил „фолкваген пасат“ и со своето семејство.

Не сакајќи да чека, на полицајците почнал да им вика дека никаде не чекал ред, па немало да чека ни тука. Овој случај се најде и во денешниот полициски билтен, а МВР најавува дека ќе му биде изготвен и поднесок.

-По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе бидат изготвени поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона), соопштуваат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk