Акцијата на ВМРО-ДПМНЕ „Пратениците со народот“ продолжи и во текот на денешниот ден, а голем број на пратеници имаа средби со граѓани низ населените места во Македонија, соопштија од партијата.

Пратеникот Миле Лефков беше во посета на населеното место Видовиште во Општина Зрновци, од каде што истакна дека евидентна е разликата во места каде локалната власт е предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во голема мера се осеќа разликата во домаќинското работење, за разлика од средини кои се предводени од, како што ги нарече, шерифите на Заев.

„ Изградена нова црква, детско игралиште, целосно реконструира и уредена зграда за потребите на месното население , изградени два моста на Видовишка река, реализиран асвалтен пат кон општина Облешево со кој на жителите се скратува дваесетина километри патување до соседната општина Облешево. Нов асвалт кон село Зрнови, Реконструирана каналализациона мрежа и изградба на нови краци на истата. Но и овде работите кои зависат од централната власт пустошат и стагнираат. Левиот магистрален канал на брана Калиманци кој што претставува единствена инфраструктура за доток на вода за наводнување на земјоделското земјиште во оваа Катастарска општина веќе пета година или целосно не функционира или работи со минимална динамика и количина поради не способноста на раководството на Водостопанство Брегалница, штетата и последиците се непроценливи, земјоделието стагнира, а младите, приморани, во борба за основна егзистенција, излезот да го бараат во иселување“, потенцира Лефков.

Пратеникот Златко Пенков го посети населеното место Тремник, во Општина Неготино каде што со жителите разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат.

„ Проблеми во снабдувањето со чиста вода за пиење, неасфалтирани улици, за лозарите и земјоделците огромен проблем е водоснабдувањето,не можат да наводнуваат поради лоша каналска инфраструктура За сите овие проблеми постојат решенија. Потребно е само да се работи напорно во интерес на жителите на Тремник“, рече Пенков.

Пратеничките Благица Ласовска и Иванка Василевска беа во посета на Општина Свети Николе каде ги посетија Ерџелија и Мустафино, од каде што во разговори со жителите велат дека тие се незадоволни од владата и локалната власт.

„ Земјоделци, чесни и вредни луѓе, дел од нив и сточари, се жалат на неисплатени субвенции и лоши услови за живот. Младите се иселуваат, а владата која многу ветуваше, ништо не исполни. Во Ерџелија побараа санација на системот за наводнување, поврзување со ХС Злетовица и пристојни услови за живот. На државата итно и се потребни промени на подобро“, истакна Ласовска.

Пратеничката Ангелина Петкова беше во посета на Општина Гевгелија каде се сретна со жителите на населените места Милетково и Давидово.

„ Разочарани од секојдневните скандали со корупција и криминал на оваа власт, а ветуваа решавање на криминалот и влез во Европска Унија. Друг проблем е невработеноста со која се соочуваат младите. Демотивирани се и не гледаат просперитет. Неспособноста на локалната власт е причина за нерешавање на комуналните проблеми во ова населено место“, нагласи Петкова.

Пратеникот Јован Јаулески ги посети населените места Другово, Пополжани и Белица во Општина Кичево. Тој вели дека жителите на овие места се заборавени и дека политичарите од власта доаѓаат само да им ги земат гласовите за избори, потоа ги нема. Тој обвини дека граѓаните се и излажани, изневерени и изманипулирани, дека се плашат за својата иднина и иднината на државата.

„ Ги излажаа за повисоки плати, пензии, субвенции, земјоделието го уништија а не е безбедно ниту нивното здравје бидејќи Заев и Филипче наместо да трчаат по вакцини, тие трчаат да ги јавнат своите скапи мотори. Генерално може да се каже дека ниту еден човек не е задоволен од политиките на власта, бараат промени и што побрзо да си одат овие неработници на власт, бараат вадење на државата од провалијата во која ја турна СДСМ и конечно да можеме да живееме нормално како сите други држави“, нагласи Јаулески.

makfax.com.mk