logo
logo
logo

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Бектеши да престане да ја замајува и манипулира јавноста

Vecer | 25.02.2021

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Бектеши да престане да ја замајува и манипулира јавноста

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата најостро реагира и апелира до министерот за економија Крешник Бектеши да престане да ја замајува и манипулира јавноста.

„Очигледно, од ден на ден се повеќе и повеќе расте нервозата и паниката кај власта. За неспособноста на Владата се виновни сите освен Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

Му порачуваме на  министерот Бектеши да се позанимава и да ги повика пратениците од владејачката коалиција да дојдат во Собранието. Го повикуваме Бектеши да побара одговори од пратениците од власта зошто не доаѓаат на пленарните седници иако не се изолирани и не се заразени од КОВИД.

Во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се вели меѓудругото дека коалициските проблеми и несогласувања испливуваат на површина.

„Очигледно, коалициските проблеми и несогласувања на и онака веќе тенкото владејачко мнозинство, испливуваат на површина. Ова е уште еден доказ дека кризата во владејачката коалиција станува сериозен проблем.

Колку за потсетување, ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ досега ги поддржавме и понатаму ќе ги поддржуваме сите економски мерки кои ќе значат олеснување и полесно справување со последиците од КОВИД кризата, но јасно и гласно кажуваме дека нема да дозволиме владата предводена од Заев својата неспособност да ја правда и пере преку ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивната реакција кон министерот за Економија Крешник Бектеши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk