logo
logo
logo

ПРАШАЈ ГО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ - Стефковски од денес со нова алатка за комуникација со граѓаните

Vecer | 24.01.2023

ПРАШАЈ ГО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ - Стефковски од денес со нова алатка за комуникација со граѓаните

Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страница на Фејсбук информираше дека од денес ќе започне да функционира нова алатка за комуникација со граѓаните.

- Објавувам нова алатка за комуникација со граѓаните: “Прашај го градоначалникот”. Почнувајќи од денес, 24.01.2023 година (вторник), па секој нареден вторник во период од 18:00 до 20:00 часот, секој граѓанин ќе има можност да постави прашање до мене на кое во истиот временски период ќе добие одговор.

Денес во 18:00 часот ќе го објавам линкот под кој секој граѓанин ќе има можност да го постави своето прашање.

Целта на оваа нова алатка е да го слушнам секое прашање, проблем или мислење од граѓаните, бидејќи се што доаѓа од народот, заслужува внимание.

Мојата водилка при кандидирањето за градоначалник на општина Гази Баба беше можноста да помагам на граѓаните и да се обидам да решам што повеќе проблеми.

Општината, градоначалникот и администрацијата се сервис на граѓаните и постојат за граѓаните.

Заедно со Вас, мои сограѓани ја градиме Гази Баба во модерна, урбанистички развиена и еколошка општина! – напиша Стефковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk