logo
logo
logo

ПОЗИТИВНИОТ ОФИЦЕР од мисија во Африка ќе биде донесен на Инфективна

Vecer | 11.05.2021

ПОЗИТИВНИОТ ОФИЦЕР од мисија во Африка ќе биде донесен на Инфективна

Офицерот на Армијата на мисија во Африка кој се очекува да биде пренесен со медицинска евакуација вечер во Скопје, според доставената медицинска документација, е ковид позитивен и е стабилен.

Од Министерството за здравство изјавија дека откако ќе пристигне пациентот ќе биде изолиран на Инфективната клиника и ќе се изврши секвенционирање на примерок

- Пациентот се уште не е пристигнат во нашата земја, според медицинската документација доставен до КИБФС, пациентот е стабилен и е ковид позитивен. Истиот на Инфективната клиника ќе биде изолиран и ќе се изврши секвенционирање на примерок. Пациентот ќе се третира согласно болничките протоколи за лекување на ковид пациенти, изјавија за МИА од Министерството за здравство.

Претходно, министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека офицер на Армијата на Северна Македонија кој учествува во Мисијата на ЕУ во Централно – Африканската Република (ЦАР) вечер треба да пристигне во Скопје со медицинска евакуација.

-Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мисија во Централно – Африканската Република, минатата недела беше тестиран за позитивен на коронавирусот, и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во рамки на ЕУ мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома, во Скопје, претпоставувам доцна вечерта. Оваа медицинска евакуција ја направивме во соработка со европските служби за надворешни односи, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со министерот за одбарна на Чешката Република Метнар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk