Oпозицијата реагира: Процесот за договорот беше нетранспарентен, очекуваме така и да продолжи

Целокупниот процес поврзан со штетниот и капитулантски Преспански договор беше нетранспарентен и очекуваме да продолжи на истиот начин, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на премиерот Зоран Заев кој изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се најде заедничко решение меѓу власта и опозицијата и дека мнозинството ќе расте.

„Зоран Заев ја погреба демократијата во Македонија. Тој не поседува никакви демократски капацитети, а уште помалку европски вредности. Тоа јасно го покажа кога како на тезга со корупција, уцени и закани обезбедуваше мнозинство во парламентот. Заев е одговорен за газењето на уставот, законите, демократските процедури и принципи и најважно од се газењето на волјата на граѓаните. Со тоа само создаде дополнителни поделби во општеството и ја наелектризира целокупната состојба во државата и за тоа единствено одговорен е Зоран Заев и криминалниот картел на власт. Тој мисли дека со пари, уцени и закани може да купи се, но не може да ја купи волјата на граѓаните“, се вели во реакцијата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари