Пожар во Лисиче, горат десетина автомобили

Во скопската населба Лисиче во нива, на која има само сува трева избувна пожар. На местото каде избувна пожарот излегоа екипи на противпожарната бригада кој се обидуваат да стават крај на огнената стихија.

Причините за пожарот засега се непознати, а во пожарот покрај сувата нива најверојатно се зафатени и неколку стари автомобили кои биле паркирани во близина.

Пламените јазици претставуваат закана и за околните куќи во населбата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари