logo
logo
logo

Пожар направи сообраќаен ХАОС: Во прекин сообраќајот Делчево-Пехчево

Vecer | 05.08.2021

Пожар направи сообраќаен ХАОС: Во прекин сообраќајот Делчево-Пехчево

Пожарот во Пехчевско се прошири кон патот Делчево – Пехчево и зафати дел од блиската шума во атарот на селото Црник. Поради новонастанатата ситуација повторно е во прекин сообраќајот во правец од Делчево кон Пехчево.

– Забраната за движење важи од 11 часот на повеќе локации имаме наши екипи кои го упатуваат населението кон алтернатнивниот патен правец преку селото Бигла, информираат од полицијата во Делчево.

Во меѓувреме на терен пристигнаа и противпожарните возила од Словенија кои веднаш се вклучени во гаснењето на пожарот кај селата Робово и Умлена каде хеликоптерите се повлекоа за да наполнат гориво, а гаснењето продолжува теренски.

Во атарот на овие две села ситуацијата е стабилна, но се уште пожарот е активен и продолжува неговото гаснење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk