logo
logo
logo

Пожар над Вељуса, ГОРИ ШУМА

Vecer | 26.09.2021

Пожар над Вељуса, ГОРИ ШУМА

Претпладнево избувна пожар во шумата на планината Еленица, над селото Вељуса кај Струмица.

Според очевидци од селото, зафатена е нискостеблеста шума на околу три километри јужно над селото на непристапен терен, а чадот од пожарот може да се забележи оддалеку.

Според информации од ТППЕ Струмица нивни екипи веќе се упатени кон местото на пожарот.

-Таму се три против пожарни возила со 14 пожарникари, кои веќе го ставаат под контрола пожарот, кој се заканува да се прошири заради повремениот ветер, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk