logo
logo
logo

ПОЖАР НА РАДИОЛОГИЈА! Еве ги деталите

Vecer | 28.05.2021

ПОЖАР НА РАДИОЛОГИЈА! Еве ги деталите

На Институтот за радиологија на скопските клиники попладнево избувна пожар. Директорот на овој институт Даниел Ѓурчинов во телефонски разговор за Курир изјавил дека пожарот избувнал од една помошна просторија поради најверојатно неисправна инсталација и дека сега-засега е под контрола.

– Пожарот избувнал од една помошна просторија која долго време не е во употреба, таму порано се развиваа фотографии, но повеќе тоа не се прави, фотографиите ги правиме на цеде. Во просторијата има само некои хемикалии и стари фотографии и снимки. Опасност нема никаква, сите се евакуирани, повредени нема. Причината за пожарот најверојатно е некоја неисправна инсталација, се уште официјални информации немаме, но најважно е дека пожарот е под контрола. Во моментов не се дозволува влез внатре, се уште има дим, вели Ѓурчинов во изјавата за Курир.

Како што веќе информиравме, на терен се четири противпожарни возила и голем број на пожарникари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk