Голем пожар избувна на улицата Цветан Димов, местото познато како Јаја Паша во општина Чаир.
Според информациите во моментов пожарот на терен го гаснат 3 противпожарни возила.
[caption id="attachment_867689" align="alignnone" width="1200"] Фото Курир[/caption]
Пожарот зафатил куќа, а најверојатно се проширил и кон околните објекти, објави Курир.
Во моментов улицата од Бит Пазар кон Чаир е блокирана, а возилата се пренасочуваат.
[caption id="attachment_867688" align="alignnone" width="1200"] фото Курир[/caption]