На 30.09.2022 во 14 часот на ул.Индира Ганди во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.К.(27) од Скопје, патничко моторно возило „опел инсигнија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(36) од Скопје, и товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.В.(33) од Скопје.
По несреќата Ф.К. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.