logo
logo
logo

ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА од март 2023-та

Vecer | 07.02.2023

ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА од март 2023-та

Од први март ќе има повисоки плати и за државната администрација. Линеарно зголемување на платите за повеќе од 2.000 денари од март годинава ќе имаат вработените во државната администрација. Освен најавата за зголемување на минималецот за 2.500 денари, министерот за економија Крешник Бектеши објасни дека ова дополнително зголемување е предвидено во Буџетот за 2023 година.

„Креиравме законско решение во делот на утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите, каде според сите податоци од претходната година, минималната плата во март треба да биде околу 20.500 денари и во приватниот и во јавниот сектор во државата и тие средства се предвидени во сите институции во Буџетот за 2023. Дополнително, за да има еднаквост, платите во државната администрација треба линеарно да се зголемат за околу 2.000 денари“, рече Бектеши.

Тој очекува дека ова ќе помине во Собранието и дека никој нема да се буни. Вели дека ако некој е против, ќе згреши.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk