Од 13-16 Октомври за прв пат ќе одржи Охридски конгрес на правото 2022 на тема “Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“, во организација на студентите од Правен факултет “Јустинијан Први“ при УКИМ. 

Оваа година за прв пат се одржува конгрес од ваков карактер, а на истиот ќе присуствуваат околу 150 учесници од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. 

Организаторите, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со висококвалитетни говорници, универзитетски профеосори, јавни обвинители, судии, адвокати, говорници кои преку предавањата, панел дискусиите и неформални разговори ќе ги пренесат своите искуства од областа на правото, исто така програмата вклучува и дебатен турнир со парична награда за првите три освоени места и спортски активности за учесниците.  

Повикот за пријавување е веќе во тек со учество за котизација од 85 евра и ќе трае до 1-ви Октомври, а конгресот ќе се одржи во Хотел Силекс во Охрид.  

Повеќе информации околу конгресот, агендата и сите останати детали поврзани со конгресот ќе бидат достапни на инстаграм страната: Охридски конгрес на правото и на официјалниот мејл: [email protected]