logo
logo
logo

Анкета

Повеќето граѓани НЕЗАДОВОЛНИ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ и не би гласале пак за нив

Vecer | 16.06.2021

Повеќето граѓани НЕЗАДОВОЛНИ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ и не би гласале пак за нив

Граѓаните се чувствуваат обесхрабрени од градоначалниците и локалните претставници пред изборите кои треба да се одржат оваа есен, покажува истражувањето на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) кое исто така покажува загриженост во врска со темпото на пристапување кон Европската унија и ги идентификува невработеноста и КОВИД-19/достапност на вакцини како два најголеми проблеми во земјата

Анкетата открива дека пристапувањето во Европската унија има 79% поддршка од јавноста. Сепак, процентот на оние кои сметаат дека Македонија денес е поблиску до влез во ЕУ отколку во 2005 година - кога првпат доби статус на земја-кандидат, во последните три години падна од 57% на 32%.

„Одложувањата и назадувањата на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, неодамна поради ветото на Бугарија, се чини дека влијаат врз убеденоста на граѓаните дека може да има напредок во пристапниот процес“, рече Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа. „За среќа, ова не го намали нивниот ентузијазам за потенцијално долгорочната цел за пристапување во ЕУ“.

Прашани за најважниот проблем, најголемиот дел од граѓаните (23%) ја наведоа невработеноста, како и пандемијата и загриженоста за достапноста на вакцини против КОВИД-19 (22%).

Анкетата исто покажа дека граѓаните на Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври. На прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, половина од испитаниците (53%) рекле дека би требало да се избере друг кандидат.

„Повеќе од една година подоцна, пандемијата сѐ уште е примарна грижа за граѓаните кои исто така се грижат за достапноста на вакцините и за економските последици од ограничувањето на движењето и затворените бизниси. На локално ниво, граѓаните можеби ќе бараат промени на претстојните избори, што ги зголемува шансите на опозициските кандидати“. - рече Мекарти.

Ова национално репрезентативно истражување беше спроведено во име на Центарот за истражување на ИРИ од страна на „Брима“ - компанија за истражување на пазарот, помеѓу 4 март и 6 април 2021 година.

Податоците беа собрани со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците.  Националниот примерок се состои од 1.222 испитаници на возраст од 18 години и повеќе и беше дополнет со 1.285 интервјуа за примероците во одредени општини. Податоците беа пондерирани според возраста, полот, регионот и етничката припадност.

Маргината на грешка за националниот примерок е плус или минус 2,8 процентни поени на средниот опсег на нивото на доверба од 95 проценти. Стапката на одговор беше 66%. Оваа анкета е спроведена со поддршка од Националната фондација за демократија.

ВАКОВ ЛИ ЗАСЛУЖИ СКОПЈЕ?! Шилегов се расфрла со “фашисти“ и “оперски певачици“

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk