logo
logo
logo

Повеќе повредени во судар во Горно Лисиче

Vecer | 01.04.2023

Повеќе повредени во судар во Горно Лисиче

Во петокот утрото околу 06.55 часот на крстосница од улиците „Горно Лисиче“ и „Лисец“ во населба Горно Лисиче, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од 24-годишниот А.К. од Скопје и патничко возило „фиат“, управувано од 33-годишниот С.К. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата возачот А.К. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот С.К. и неговите сопатнички 31-годипната М.К. и две малолетни женски лица, сите од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk