logo
logo
logo

Поведена постапка во обвинителството во Скопје против дилер од Гостивар

Vecer | 14.01.2022

Поведена постапка во обвинителството во Скопје против дилер од Гостивар

Обвинителството со Наредба започна истрага против 52 – годишен жител на Гостивар, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 24.12.2021 година, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – хероин со вкупна маса од 4461,6 грама. Тој ја спакувал дрогата во девет одделни пакувања и ја сместил во ранец кој го носел со себе. Потоа, по претходен договор и намера за продажба, околу 20:00 часот на бул. Босна и Херцеговина во Скопје се сретнал со друго лице, веќе осомничено за овој кривично правен настан, на кого му го предал ранецот полн со хероин.

Бидејќи постои оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, со оглед на видот и количината на пронајдената наркотична дрога – херион, која укажува на добро воспоставени криминални врски за набавка и продажба на ваков вид недозволени и опасни по здравјето супстанции, како и поради подготвеноста да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk