logo
logo
logo

Поведена постапка против двајцата насилници кои тепале гости и кршеле маси во скопскиот локал „Трибека“

Vecer | 21.02.2021

Поведена постапка против двајцата насилници кои тепале гости и кршеле маси во скопскиот локал „Трибека“


Скопското основно јавно обвинителство во врска со инцидентот во скоскиот локал „Трибека“ поведе постапка против дајца сокопјани на возраст од 19 и 28 години, за кои постои сомнение дека сториле кривично дело – насилство.

Како што информираат од обвинителството, осомничените на 20 февруари, околу 19:30 часот, во просториите на угостителскиот објект ги малтретирале, грубо навредиле и ја загрозиле сигурноста на две лица.

Воедно, кај останатите присутни предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Осомничените заедно со еден од оштетените влегле во објектот, седнале на маса и го повикале вториот оштетен да им се придружи.

Откако и тој дошол на масата, еден од осомничените веднаш започнал со тупаници да го удира по лицето.

На ваквите дејствија се спротивставило лицето кое заедно со нив влегло во локалот, но насилниците почнале и него да го удираат со тупаници по лицето и носот, нанесувајќи му тешки повреди.

Веднаш потоа, еден од осомничените изреволтиран од фактот што една од гостите зборувала по телефон, започнал да ја навредува, го зел нејзиниот телефон и го скршил, а потоа започнал да го крши и инвентарот во угостителскиот објект.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднел предлози за определување на мерка притвор за осомничените.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk