logo
logo
logo

Влада АД Скопје

ПОВАЖНА НАЦИЈАТА ОД СПОСОБНОСТА: Ќе го сменат директротот што не сака рамковни легачи

Vecer | 23.04.2021

ПОВАЖНА НАЦИЈАТА ОД СПОСОБНОСТА: Ќе го сменат директротот што не сака рамковни легачи

Околу 1.200 етнички вработени Албанци во државната администрација три години примаат плата а не работат ништо, пред се, затоа што немаат знаења и квалификации за потребите работни места, а примени се на работа само поради етничкиот принцип.

По притисок од јавноста владата после три години реши набрзина да ги распореди кај и да е, колку да седат на биро. Но, во Државниот пазарен инспекторат не прифаќаат да им се наметнат 35 легачи колку да седеат на биро бидејќи сметаат дека работата таму е стручна и потребни им се соодветни, стручни и спремни кадри, а не етничко поткусурување.

Државниот пазарен инспекторат веќе има околу 40% Албанци во својот состав и носењето на нови само затоа што се Албанци, освен удар врз стручноста, е удар и врз етничкиот состав на институцијата, критерум според кој се примени овие етнички рамковно вработени за да се достигне степен на етничка вработеност соодветен на учеството во општетвото , во овој случај, во оваа институција ќе има скоро дупло повеќе Албанци од нивното учество во општството.

Владата реши да изврши напад врз самостојноста на овој важен јавен орган, и најави смена на директорот Стојо Пауновски кој ја штити професијата и институцијата но, и ја брани институцијата од неспособен и нестручен кадар кој во иднина нема да одговори на задачите и ќе создава последици кои ќе нанесат штета од пошироки размери.

Стојко Пауновски имаше проблем со физички наад од Албанци, во Тетово, врз него и неговиот син во јуни 2018-та година, за кој се сметаше дека е одмазда за одредени инспекциски надзори:

Полицијата тогаш го привела В.О. (20) од Тетово, а извршен е разговор и со А.Б. (20) и И.В. (18) исто така од Тетово по пријавата на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски дека три непознати лица физички го нападнале неговиот 23 годишен син.

Претходно, Пауновски на неговиот Фејсбук профил објави детаљи за нападот.

„Ниту син ми беше во угостителски објект, ниту на инцидентот претходеше кавга за паркинг место. Без никаков повод, доаѓајќи дома, син ми беше физички нападнат од група Албанци под дејство на алкохол и дрога, пред влезот на зградата во која живееме. Ме разбуди ќерка ми која случката ја видела од тераса, и како и секој родител, слегов веднаш да си го одбранам детето, по што физички бев нападнат и јас. За жал, подебелиот крај го извлековме ние двајца“- напиша Пауновски, по информациите дека нападот се случил во кафеана.

Пауновски е поранешен пратеник од СДСМ.

Премиерот Зоран Заев порача денес дека е недозволиво јавното полемизирање на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, како државен службеник именуван од Владата, при што порача дека му е пријател, но има доволна основа за негово разрешување, за што ќе решат службите.

- Ова е прашање кое нашиот народ очекува да го решиме. Тргнато е во сериозен процес тие луѓе (ангажираните според Рамковниот договор) да се распоредат. Вкупно 1.349 беа дел од процесот, 1.182 прифатиле распоредување, не е прашање само дали институцијата ќе ги прифати или не, 13 сами си дале отказ а 38 одбиле и одат на трансфер листа. Досега земале плата и не работеле ништо. Секој ден да водите полемики со потпретседател и претседател на Влада е пркос што не е дозволен. Има хиерархија, и иако се работи за мој пријател, за Стојко Пауновски, принципите се воспоставени. Ова е доволна основа за негово разрешување, порача Заев.

Пауновски денес самиот го повика премиерот  да го разреши, бидејќи тој и натаму нема намера да ги вработи административците примени според Рамковниот договор што му ги распредели вицепремиерот Артан Груби. Тој  не  сака дел од упатените 35 административци да ги прими во својот инспекторат затоа што смета дека се неквалификувани за испразнетите места.

– Ако премиерот Зоран Заев не ме разбира, немам што друго да кажам освен дека може слободно да ме разреши на наредната владина седница. Ми даваат 35 луѓе за во Тетово, Гостивар, Кичево и Струга, а таму немаме потреба од нови вработување, туку имаме за во струмичкиот регион и во источна Македонија. Овие нови вработени нема да има каде да ги сместиме, нема место во канцелариите, пак ќе треба дома да седат. Нашата работа е на улица, на терен, а не во канцеларија, немаме потреба ние од администрација – изјави Пауновски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk