logo
logo
logo

Потврдени 25 случаи на коронавирус во Македонија, 16 лица починаа

Vecer | 10.05.2021

Потврдени 25 случаи на коронавирус во Македонија, 16 лица починаа


Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 25 случаи на коронавирус, 16 лица починаа, а 408 пациенти оздравеа, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 15, Куманово – четири случаи, а во Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница по еден нов случај.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: шест од Скопје (61г,65г,71г,74г,76г и 80г),две лица од Тетово (69г и 82г) и по едно починато лице од Битола (85г), Охрид (79г), Куманово (55г), Кавадарци (83г), Гостивар (77г), Кичево (72г), Радовиш (62г) и Делчево (72г).

Од пријавените, двајца заболени се починати во домашни услови, а останатите 14 лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.051, бројката на оздравени пациенти е 138.370, на починати е 5.109, а бројот на активни случаи изнесува 10.572.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk