logo
logo
logo

Потврда и од СПЦ: Стефан и Профириј ВО ЧЕТВРТОК ЌЕ ОДРЖАТ ЛИТУРГИЈА ЗА ПОМИРУВАЊЕ во Белград

Vecer | 17.05.2022

Потврда и од СПЦ: Стефан и Профириј ВО ЧЕТВРТОК ЌЕ ОДРЖАТ ЛИТУРГИЈА ЗА ПОМИРУВАЊЕ во Белград

Српската православна црква (СПЦ) на својот официјален сајт најави дека в четврток на 19 мај во Соборниот храм Св.Сава во Белград, патријархот на СПЦ г.г. Порфириј и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургијско и канонско општење на двете сетрински цркви“, јави дописникот на МИА од Белград.

На сајтот на СПЦ, под цитатот од Псалм 133 –„Како е убаво и прекрасно кога сите браќа живеат заедно“ се соопштува на сајтот на СПЦ.

– Со благодарност кон Господа и со радост ја известуваме сета полнота на Светата Црква дека Неговата Светост Српскиот патријарх г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски г.Стефан, заедно со сослужување на сите архиереи на СПЦ и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во четврток, на 19 мај 2022 година, ќе служат света архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Сава во Белград, со која ќе се воспостави литургиска и канонско општење на двете сестрински цркви, во рамки на одлуката на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, пишува на сајтот на СПЦ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk