logo
logo
logo

Потрошувачката кошничка на Македонците од година во година се помала

Vecer | 15.02.2021

Потрошувачката кошничка на Македонците од година во година се помала

Трошоците на животот во јануари во оваа година, во однос на претходниот месец, се пониски за 0,2 процента, а кај цените на мало нема промени.

Во однос, пак, на јануари лани, трошоците на живот се зголемиле за 1,9 проценти, а цените на мало за 1,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

– Намалување на индексите на трошоците на живот во јануари во 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук за 6,5 проценти, свежото и разладено овошје за 1,6 проценти, виното за 0,5 проценти, месото за 0,4 проценти, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0,3 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 проценти, стои во информацијата на ДЗС.

Исто така, според ДЗС, е забележано намалување на индексите на трошоци на живот и кај домашните миленици и сродните производи за 2,7 проценти, течните горива за домаќинства за 1,9 проценти, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1,3 проценти, итн.

– Пораст на трошоците на животот во јануари во 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, кај џемот, кај медот, кај чоколадата и кај кондиторските производи за 0,6 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,5 проценти, маслото и маснотиите за 0,4 проценти, жестоките пијалаци за 0,3 проценти, потенцираат од ДЗС.

Во јануари, исто така, пораст на трошоците на живот, како што нагласува ДЗС, е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 4 проценти, гасот за домаќинствата за 3,6 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2 процента, мебелот и покуќнината за 1,6 проценти, велосипедите за 1,4 проценти, итн.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk