Потерницата за Груевски објавена на сајтот на МВР (ФОТО)

Министерството за внатрешни работи по налог на кривичниот суд распиша потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше во петокот да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Тенк“ на СЈО, односно набавката на луксузниот „мерцедес“.

„Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање потерница. Министерството за внатрешни работи  постапува по наредбата веднаш откако му беше доставена“, велат од МВР за „Макфакс“.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари