x

Потерница по Раиф Мифтари, посредникот за „пасоши за криминалци“ во „Мафија“

По налог на скопското јавно обвинителство, МВР денеска објави потерница по посредникот во издавањето на македонски пасоши во акцијата, што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обелодени како „Мафија“, а Министерството ја спроведува под кодното име „Дупликат“.

Станува збор за Раиф Мифтари од Скопје, роден 1981 година, кој не беше фатен во акцијата на МВР. Според обвинителството, тој се сомничи за злоупотреба на службената должност.

Иако беше недостапен за органите на прогонот, обвинителството на Раиф Мифтари му одреди мерка 30-дневен притвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата