logo
logo
logo

Илија Димовски

„Власта полошо се справува од Косово, Србија и Бугарија за нас се научна фантастика“

Vecer | 08.03.2021

„Власта полошо се справува од Косово, Србија и Бугарија за нас се научна фантастика“

Илија Димовски екс пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, за 24 Анализа истакна дека оваа власта во споредба со Косово послабо се справува со корона кризата, додека во споредба со Албанија сме четири пати послаби кога станува збор за странските инвестиции.

- Србија и Бугарија за нас се научна фантастика, ние имаме економски реални параметри кои покажуваат огромно неснаоѓање и слабост, а Заев е свесен дека продолжување на вакво владеење со 62 пратеници со вакви потрошени министри, каде главните постулати доброседството и европските интеграции не му успеваат, сега приоѓа со „меко приземјување “, за широка Влада, вели Димовски

Димовски истакна дека гарантира дека ако не оваа есен, државата веќе следната година ќе има предвремени парламентарни избори, затоа што ние како држава во 2015  година имавме економски параметри кои беа академија на науки, во споредба со овие сега како од основно училиште.

-За два месеци има 90 милиони евра дупка надвор од проектираниот дефицит, значи многу повеќе од проектираното , а за две и пол милијарди е апсолутната бројка на задолженост зголемена, а на дело немаме ништо, критикуваше Димовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk